Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференцијата порача дека евентуалното обединување на опозицијата може да се случи само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, кој го промовира СДСМ.

Филипче ја повика Левица да ги промени своите политики и да се определи за членството во НАТО и за Европската Унија, како предуслов за евентуално политичко обединување.

— реклама —

„Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче, оценувајќи ја Левица како „прокси партија“ на премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Тој упати критики и за односот на Левица кон Русија, при што порача дека партијата треба да се откаже од, како што ги нарече, своите „ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски“.

Филипче истакна дека за СДСМ основа за политичко обединување се јасната определба за НАТО, Европската Унија и европската иднина на земјата.

— реклама —

„Нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија. Затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, рече тој.

— реклама —

Според Филипче, СДСМ веќе разговара со други политички партии, граѓански организации, поединци и интелектуалци за проширување на Фронтот за вистина и правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 11 час

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 17 часа

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања