Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhnm63s2pg0t261FZjxL

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја довел јавноста во заблуда кога тврдеше дека за прославата на 35-годишнината од независноста не бил потрошен ниту еден денар од Буџетот.

Филипче на денешната прес-конференција рече дека, според документи што, како што тврди, произлегле од 167. седница на Владата, АД Државна лотарија треба да ја организира прославата со средства во вредност од пет милиони евра.

— реклама —

„Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните“, рече Филипче.

Тој оцени дека средствата со кои располага Државната лотарија не може да се третираат како приватни средства или донации, туку како пари на граѓаните. Филипче побара од Владата да објасни зошто било кажано дека прославата не чини ништо за граѓаните.

— реклама —

Дополнителен сомнеж, според лидерот на СДСМ, отвора и начинот на кој била избрана компанијата што го организирала настанот. Тој побара да се објават критериумите според кои била избрана компанијата, како и податоците за нејзините претходни ангажмани со Државната лотарија.

— реклама —

Филипче оцени дека средствата можеле да бидат искористени за други потреби, меѓу кои земјоделски субвенции, здравство, образование, социјална помош, пензии и минимална плата.

Тој побара Владата веднаш да го објави записникот од 167. седница, целокупната документација поврзана со постапката, како и поединечните исплати на сите учесници во организацијата на прославата.

— реклама —

„Се знае само вкупната сума од пет милиони евра, но не се знае кој и колку пари зел. Бараме тоа да се каже јавно и гласно“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

Македонија | пред 1 ден

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) Врати го името, му рече Филипче на Мицкоски

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања