Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро ги критикуваше економските политики на Владата, оценувајќи дека статистичките показатели што ги презентира премиерот Христијан Мицкоски не ја отсликуваат реалната состојба во која живеат граѓаните.

Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека Владата ја започнала третата година од мандатот без резултати во клучни области како економијата, здравството, образованието и земјоделството.

— реклама —

„Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче.

— реклама —

Тој се осврна и на економските податоци што ги презентирал Мицкоски, оценувајќи дека тие не соодветствуваат со секојдневието на граѓаните.

„Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече лидерот на СДСМ.

— реклама —

Според Филипче, граѓаните не ги чувствуваат бројките што ги презентира премиерот, туку се соочуваат со поинаква економска реалност.

— реклама —

„Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 14 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 20 часа

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања