Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

Новата учебна година започнува со загрижувачки податоци, оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека годинава има 3.000 првачиња помалку, 433 паралелки помалку и 26 училишта кои привремено се затвораат.

Филипче рече дека лани во прво одделение биле запишани околу 17.900 деца, додека годинава бројката е околу 14.900. Според него, намалувањето не се должи само на демографските движења, туку и на иселувањето на семејствата кои не ја гледаат својата иднина во земјава.

— реклама —

„3.000 деца помалку значат 3.000 семејства. Луѓето не ја гледаат иднината во земјава, затоа што нема мерки, нема напредок и нема доволно поддршка за граѓаните, особено за младите брачни парови“, изјави Филипче.

Тој оцени дека на состојбата влијаат и падот на животниот стандард, зголемените трошоци и, како што рече, недостигот од мерки за поддршка на граѓаните.

— реклама —

Филипче најави дека СДСМ повторно ќе го предложи во Собранието законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, со субвенционирање на придонесите за приватниот сектор за разликата што би произлегла од зголемувањето.

— реклама —

„Работниците треба да можат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства“, порача лидерот на СДСМ.

Според него, празните училници се еден од највидливите показатели за последиците од актуелните политики.

— реклама —

„Ова што се случува денеска – 3.000 деца помалку во училиштата – е еден од најсилните показатели за лошите политики на оваа власт“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 3 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 9 часа

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања