„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) ГДУ нуди бесплатна правна помош за сите граѓани кои имаат проблеми со извршители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
darko-poposki

Внимателно ги следиме протестите на граѓаните кои го искажуваат нивното незадоволство од работата на извршителите и искрено не загрижува односот на надлежните институции, особено на Министерството за правда и министерката Рената Дескоска, бидејќи тие немаат слух за својот обесправен и опљачкан народ и на секој можен начин гледаат да ја

— реклама —

избегнат одговорноста или да ја префрлат на некоја друга институција или државен орган, истакна портапаролот на ГДУ Дарко Попоски.

Обесправените и оштетените граѓани, изманипулирани од сите досегашни Влади на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, веќе со децении се измалтретирани од институциите кои треба да им служат и да ја обезбедат нивната  благосостојба, а наместо тоа, тие се игнорирани и оставени на милоста или немилоста на извршителите и бирократите.

— реклама —

Ве известуваме дека ГДУ целосно и безрезервно ги поддржува граѓаните кои протестираат против извршителите, ги охрабрува нивните намери за остварување на правдата и ги поддржува нивните барања:

1. Целосна ревизија над работата на сите извршители и одговорност на оние кои го прекршиле законот.

2. Утврдување на реален и фиктивен долг.

3. Бришење на камати за предмети кои „спиеле” по фиоки.

4. Враќање на извршителите во судовите во посебни извршни одделенија.

5. Обесштетување на сите граѓани кои се оштетени од незаконити дејства на извршителите.

Покрај тоа, ги известуваме сите заинтересирани и оштетени граѓани дека Граѓанско Демократската Унија со нејзиниот правен тим ќе овозможи бесплатна правна помош за сите граѓани кои имаат проблеми со незаконити постапки од страна на извршителите на целата територија на Република Македонија, истакна портапаролот на ГДУ Дарко Попоски.

eo3yz7TpjPw

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања