„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Георгиески: Стојаноски ни остави обврска да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Токму од овде, од ова место градоначалникот Јован Стојаноски ги соопшти своите визии за развој на на општина Охрид и до последен здив, неуморно и посветено работеше на нивното реализирање. Токму од од овде, од ова место, јас заедно со него тргнав по тој пат да направиме што повеќе за нашиот светол и свет град. Ни остави обврска заедно да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност. Беше вистински професионалец.

— реклама —

Вчераутро, ден по враќањето од Скопје и седницата на ЗЕЛС, градоначалникот заедно со своите најблиски соработници го договараше буџетот за 2019 година. Никој од присутните до денес не може да поверува дека тие беа последните зборови кои ги слушаа пред срцето да му откаже и престане да чука“, рече на денешната комеморативна седница во ОО на СДСМ заменик градоначалник, соработник и долгогодишен пријател на Стојаноски, Константин Георгиески.

— реклама —
CgS6BRu2wlM

Тој додаде дека најголемиот дел од присутните на комеморацијата на еден или друг начин сме соработувале и биле кој поблиску кој подалеку од градоначалникот Стојаноски.

„Сите ние добро го познававме, го познававме неговиот начин на работа, ја познававме неговата волја за живот и морам да потенцирам дека сите ние од него многу научивме како треба да се справуваме со предизвиците на времето. Тој секогаш работите сакаше да ги гледа од друг агол и од друга призма. Оставаше простор и за туѓо мислење и често знаеше да даде свое решение, карактеристика која ја имаат само умните, посветените и храбрите луѓе“, напомена Георгиески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања