„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Георгиески во Новогодишното обраќање: Охрид да прерасне во урбан, туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kosta-1

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески. Во дел од обраќањето градоначалникот рече:

— реклама —

„ Изминатите 12 месеци беа исполнети со многу тажни моменти, низа предизвици и храбри чекори. Со јасна визија план и голема упорност успеавме да оствариме многу зацртани цели  на кои можеме да бидеме особено горди. Еден од најважните приоритети на кои посветено работевме беше враќањето на финансиската стабилност на општината. Го започнавме историскиот процес за раздолжување на општината и нејзина финансиска консолидација. По две децении конечно ќе имаме одблокирана сметка. Исклучително важен процес беше и формирањето на новото Јавно Претпријатие колекторски систем кое почна да функционира и ги превзеде обврските за одржување и обновување на колекрскиот систем. Со ова конечно  ги решаваме децениските проблеми со загадувањето на Охридското Езеро и целокупната животна средина. Огромна енергија потрошивме на исполнување на препораките на УНЕСКО. Како локална власт направивме големи чекори во рамки на заложбите на зачувување на статусот на светско, природно и културно наследство кој го поседува овој регион. Заедно со вашата поддршка и идеи со духот на заедништво и соработка ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот град со една заедничка цел  - Охрид да прерасне во урбан, туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот за нас и за идните генерации. Најискрени желби за мир, добро здравје и големи успеси. Ви посакувам Новата Година да ви донесе исполнување на сите ваши соништа, се вели во дел од честитката на градоначалникот Константин Георгиески.

— реклама —

видео: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања