Тема на денешната емисија „Стадион – Парадокс“ , беше „Охрид со бизнисите на Нефи Усеини влезе во извештајот на ЕК во делот на корупцијата“. На оваа тема отворено во емисијата проговорија градачалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, советник од советот на општина Охрид, претставник од антикорупциска комисја како и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Градоначалникот георгиески истакна дека бесправно изградени објекти се околу 16.000, но потенцираше дека не мора да значи дека сите се бесправно изградени објекети, затоа што некои од нив се доста стари и не биле впишани во катастарските книги.
Според извештаите на невладиниот сектор, најкритични точки во локалната самоуправа за корупција се градоначалниците, инспекторите и раководителите на сектори.
„Тие се тие, кои носат одлуки, раководните функции но спрегата на урбаната мафија и нелегални комбинации кои што се прават, најчесто е со службите. Откако ќе се завршат работите, целиот предмет кога ќе дојде на потпис кај градоначалникот предметот е чист, само да се верификува одобрението“, вели Георгиевски.
Многу пати ние сме разговарале на оваа тема, за проблемот во Охрид кој трае години наназад, меѓутоа сега дојде време да се решава, вели Георгиевски. Тој потенцира дека нема законска можност во моментов да се одземе ингеренцијата на извршување на општината.
„Немаме проблем во инспекциските служби, како општина имаме постапено и донесени се акти, решенија за рушење и заклучоци за отстранување. Проблем имаме во извршувањето, не во инспекцискиот надзор. Проблемот не е во локалните врски, проблемот е во тоа што проблемот е премногу сложен и деликатен во мал град како Охрид. Па може да дојде до закани, притисоци кога ќе треба да се отстрануваат. Деликанта е средината, јас да одам да рушам, утре ќе ме убие некој“, изјави во „Стадион“ на Канал 77, градоначалникот на општина Охрид, Константин Геогриески.