ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Ѓорѓе Давид до медиумитe: Ми правите пекол од животот, во Македонија сум, со насловите создавате омраза кај Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gjorge-david-141

Рокерот Ѓорѓе Давид (Николиќ) за кого кумановскиот суд донесе одлука да му ги врати документите за да може да ја напушти Македонија, за првпат се обрати на јавноста. Тој порача дека пасошот уште го нема кај него, па најави дека кога ќе ја напушти државата, прв ќе објави. Тој посочува дека има проблеми со кумановското Обвинителство, секојпат кога ќе се појави наслов дека заминал од нашата држава. Ова е прво негово обраќање откако близу „Табановце“ смртно прегази 49-годишна жена.

— реклама —

„Јас ги замолувам медиумите во Македонија и Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои немаат врска со вистината. Јас не сум добил документи и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во кумановското Обвинителство. Секој наслов кој ќе го објавите овде ми прави проблем и создава омраза на луѓето од Обвинителството спрема мене, бидејќи мислат дека тие информации јас ви ги давам. Ми правите пекол од животот. Немојте да бидете итри, земете лексилиум, напијте се пиво, заспијте. Кога ќе ги земам документите, кога ќе прејдам граница, прв ќе јавам за тоа“, рече Ѓорѓе Давид.

— реклама —

Инаку, од Обвинителството за „Скопје1“ потврдија дека судот ќе му ги врати документите на рокерот, а за тоа не било побарано мислење од обвинителот кој го води предметот.

„Судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост, при што одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од Основното јавно обвинителство Куманово не беше побарано мислење по однос на замената на мерките“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Несреќата се случи пред седум дена. 49-годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди. Се уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања