Промени тема
Контакт

(Видео) Ѓорѓиевски: Булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива нов лик по повеќе од 30 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-library86seftuf4s3rcpXlLt4

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најголемите инфраструктурни проекти во главниот град.

— реклама —

Според него, работите се одвиваат според предвидената динамика, а по нивното завршување повеќе од 100.000 жители ќе добијат модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедски патеки, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.

Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно треба да се решат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од Скопје.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека реализацијата на проектот ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на условите за движење и создавање современа и функционална сообраќајна инфраструктура.

— реклама —

„По повеќе од три децении чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение и се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања