Промени тема
Контакт

(Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно го добива изгледот што го заслужуваат скопјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library98bvmu2m5dti8oLWj7y

Асфалтирањето на втората коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“ е во тек, а градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека целата сообраќајница треба да биде завршена до крајот на годината.

Ѓорѓиевски оцени дека со поставувањето на асфалтот проектот влегува во завршната фаза и потсети дека со децении овој проблем создавал сообраќајни гужви и одолговлекувања за скопјани.

— реклама —

„Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота. Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“. По 30 години чекање, булеварот конечно го добива ликот што го заслужуваат скопјани“, рече Ѓорѓиевски.

— реклама —

Според градоначалникот, за нешто повеќе од три месеци биле решени проблемите кои со години го забавувале проектот. Тој посочи дека трасата била ослободена, била изградена нова атмосферска канализација, а сега се поставува асфалт.

Ѓорѓиевски нагласи дека граѓаните со години ги чувствувале последиците од одложувањето на проектот и дека секој поставен метар асфалт го гледа како исполнување на преземената обврска кон скопјани.

— реклама —

„Мојот народ заслужува дела и исполнети ветувања“, нагласи градоначалникот, додавајќи дека завршувањето на булеварот треба да донесе побезбедно и побрзо одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања