Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Го газеле по телото и главата, изгубил и свест“, потресно сведоштво на мајка од Охрид за полициска бруталност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 минути -

Македонија
media-libraryiai8ju817v5e212pM2B

Петнаесетгодишниот Горазд од Охрид се враќал од работа со мотор на 29 јули, кога, според неговата мајка Лихнида Петреска, полицајци го пресретнале кај гимназијата во Охрид и почнале да го следат со вклучена ротација.Во „Претрес со Ландов“ таа сведочеше дека кај градската болница го удриле со возилото, а откако паднал, излегле и го нападнале со боксови и клоци. Не го казниле, ниту случајот го евидентирале во СВР Охрид.

„Газеле по неговото тело и глава“, рече Петреска.

— реклама —

Според неа, потоа го однеле во нива од другата страна на улицата и таму продолжиле да го удираат со пендреци.

„Детето за сето тоа време ги моли да го остават“, раскажа мајката.

— реклама —

Таа вели дека има сведоци кои ги слушнале неговите вресоци и молби, а Горазд неколкупати губел свест.

— реклама —

Според Петреска, откако се освестил, го прашале колку години има. Кога им кажал дека има 15 години, му се заканиле да не кажува и да не пријавува, тврди таа.

Обвинителството за „Претрес“ соопшти дека предметот од ОЈО Охрид бил препратен до надлежното одделение на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција откако било утврдено дека пријавените се полициски службеници, а во постапката биле дадени дополнителни насоки, била известена Внатрешната контрола, било извршено препознавање и се преземаат дејствија.

— реклама —

Целосно гледајте тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypv9j3nrpc0ns3G86KsX

(Видео) Отишла да пријави полицајци кои и го натепале синот, а таму и кажале дека така го „превоспитале“, сведочи мајка од Охрид

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-libraryecn330qpus1ec5fRwgT

(Видео) „Полицајци го претепаа брат ми на паркинг, други чувале никој да не види, го влечеа кај што нема камери“, сведочи охриѓанецот Николоски

Македонија | пред 34 минути

media-librarynen0aqa8rh810ChA91L

(🔴Видео) „Ќе ме убијат ако дојдам во Претрес“: Братот на Дарко тврди дека добивал смртни закани

Македонија | пред 57 минути

media-librarybadmp650pujb8NnqyjK

🔴 (Во живо) Претрес: Потресни сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, а малолетник во нива

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања