Ситуацијата кај Велес станува драматична. Пожарот што избувна во близина на Велешкото езеро Младост се симна до автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес, соопштија од АМСМ. Силниот ветер го прошири пожарот на голема површина, кон два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле првите куќи, односно оние што се блиску до железничката пруга.
и покрај информацијата дека пожарникарите успеале првично да го локализираат пожарот, за жал истиот брзо се проширил поради силниот ветар.
Во гаснење на пожарот кој зафати голема површина се вклучија и армиски хеликоптери и канадерите на ДЗС.
Во гасењето ангажирани армиски хеликоптери со 50 вработени од армијата, два авиони од дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, на помош се пратени и пожарникари од Неготино и Кавадарци.
Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото.
https://www.facebook.com/100010199378114/videos/938396736510297/