Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Видео) Пожар на јужната трибина го прекина 178. вечно дерби во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryom04qrt53ja2bUvwkqr

Натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Партизан, одигран на стадионот Стадион Рајко Митиќ во рамки на 178. вечно дерби, беше накратко прекинат поради голем пожар што избувна на јужната трибина.

— реклама —

Инцидентот се случил во 59. минута, веднаш по голот на Марко Арнаутовиќ, кога пламенот почнал брзо да се шири меѓу навивачите. Главниот судија Павле Илиќ веднаш се консултирал со надлежните служби, по што од безбедносни причини било одлучено натпреварот привремено да се прекине, а фудбалерите да се повлечат од теренот.

— реклама —

Прекинот траел околу пет минути, при што на играчите им било дозволено да продолжат со загревање додека ситуацијата се стабилизира. Во меѓувреме, на стадионот пристигнале припадници на противпожарната служба, кои со брза интервенција успеале да го локализираат пожарот и да го спречат неговото понатамошно ширење.

— реклама —

Дел од навивачите на Партизан се повлекле од трибината додека траела интервенцијата, по што натпреварот бил продолжен под засилени безбедносни мерки. Засега нема информации за потешко повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот се предмет на дополнителна проверка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo59qlu40gr063lLxtn8

Жељко Обрадовиќ замина од Партизан

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања