Голем пожар попладнево избувна во продавница за бои во скопската населба Железара, а густ црн чад се издига над објектот и е видлив од повеќе делови на Скопје.
Противпожарната бригада е на терен и повеќе од 30 минути се бори со огнената стихија.
Засега не е познато како избувнал пожарот, ниту колкава материјална штета е причинета. Во моментов нема ниту информации дали има повредени лица.
Поради природата на производите што се наоѓаат во продавницата, од објектот се издига густ црн чад.
Повеќе детали за причините за пожарот и последиците се очекуваат по неговото локализирање и интервенцијата на надлежните служби.