Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

(Видео) Големи немири и инциденти во Белград, се шири снимката од апсењето на кошаркарот Владимир Штимац

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryfhv7j8at9d2ff2H863r
Инстаграм

Во Белград синоќа беше приведен поранешниот српски кошаркар и граѓански активист Владимир Штимац, јави N1 Srbija. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа моментот кога полицијата го уапсила пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС).

Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, издадено околу два часот по полноќ, биле приведени вкупно 37 лица осомничени за нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Парламентот во Белград. Од МВР соопштија дека потрагата по останатите учесници продолжува.

— реклама —

Домашните медиуми објавија дека апсењето на Штимац било по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради наводно повикување на насилство во текот на денот пред Парламентот.

— реклама —

Главниот град синоќа повторно беше сцена на немири. На снимките од социјалните мрежи може да се види хаотична атмосфера и полициско присуство пред законодавниот дом. До судири дошло меѓу групата наречена „ќаци“ и граѓаните кои протестираа против власта на Александар Вучиќ. Протестот беше организиран како поддршка за Дијана Хрка, мајката на едно од загинатите деца во несреќата во Нови Сад, која започна штрајк со глад.

Пред овие настани, Штимац јавно реагираше на нападот врз млад човек кој дошол да ја поддржи Хрка. Според nova.rs, младиот човек бил нападнат од членови на кампот „Ќациленд“, кои му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“.

Неколку часа подоцна, поранешниот репрезентативец на социјалните мрежи упати остар коментар кон претседателот Вучиќ, пишувајќи: „Дали, лигав, дали се извинуваш вака! Фолирант!“.

Вучиќ во изјава за Информер ги нарече демонстрантите „кукавици“ и најави дека државните органи ќе реагираат на сите инциденти.

„Кога видоа дека одговорот е подготвен, избегаа. Користеа шишиња, петарди и факели, обидувајќи се да запалат луѓе,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека ситуацијата е последица на, како што рече, „дебаклот во Нови Сад“.

Сепак, снимките објавени на интернет не ги потврдуваат тврдењата на претседателот дека демонстрантите нападнале студенти во Пионирски парк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4p7fldvf6g8gayfk6zp

Познато е што го предизвикало излетувањето на трамвајот во Белград

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4p7fldvf6g8gayfk6zp

(Видео) Трамвај излета од шини во Белград и удри во зграда, има повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq0tco6j00a8s2bMBTsM

По протестите во Белград приведени 47 лица, едно имало дипломатска легитимација

Свет | пред 1 седмица

protesti-srbija

Таковска во Белград целосно блокирана: прекинат сообраќајот поради собир пред РТС

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања