Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Голманот на Сарагоса го нокаутираше противникот, па се извини: „Ако сакаат да си заминам, ќе заминам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Спорт
media-library8lgae6qaotf69qRVXF4

Голманот на Сарагоса, Естебан Андраде, се кае за инцидентот што се случи на натпреварот од Сегунда против Уеска.

— реклама —

Мексиканскиот чувар на мрежата во еден момент, откако судијата веќе му покажал црвен картон, го удрил капитенот на Уеска со тупаница во лице.

Андраде се правда дека доживеал „помрачување на умот“.

— реклама —

„Многу ми е жал за сè што се случи. Ова не е добра слика ниту за клубот, ниту за навивачите, ниту за професионалец каков што сум. Во текот на целата кариера имам само едно исклучување, и тоа поради играње со рака надвор од казнениот простор. Мојата кариера зборува сама за себе. Ова беше екстремна ситуација, целосно изгубив контрола и реагирав така. Длабоко се каам и тоа никогаш повеќе нема да го повторам, бидејќи сум јавна личност и професионалец со долга кариера“, изјави тој.

— реклама —

Голманот на Сарагоса ја искористи можноста и директно да му се извини на играчот што го удрил, додавајќи дека е подготвен да ги прифати санкциите:

„Сакам да му се извинам на Хорхе Пулидо. Ние сме колеги и искрено, тоа беше мој испад во кој целосно изгубив контакт со реалноста. Тука сум и подготвен сум да ги сносам сите последици што ќе ми ги одреди Ла Лига. Ако сакаат лично да дојдам и да дадам објаснување, ќе дојдам“, порача Андраде.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања