Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ со Калиопи: 50 години под рефлекторите, животот на сцена, Македонија, колегите

(Видео) Гори кинески трговски центар во Нов Белград - се слушаат експлозии, состојбата е лоша

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Пожарот што избувна утрово во кинескиот трговски центар во Нов Белград не стивнува, а според неофицијални информации нема повредени. Пред запалената зграда има голем број сопственици на дуќани, а одвреме навреме се слушаат и експлозии, за кои постои сомневање дека се од плински боци, кои ги има во изобилство во кинескиот трговски центар.

— реклама —

Хеликоптерската единица цело време се бори со огнот, а пламените јазици значително се намалија.

Првиот кат од кинескиот трговски центар е целосно уништен, а проблем со гаснењето на пожарот предизвикува тоа што во објектот има многу запаливи работи - опрема, пиротехника и слично.

Лука Чаушиќ, началникот на Итната помош на МУП, изјави дека ситуацијата е сложена.

— реклама —

— реклама —

„Хеликоптерите во основа ја намалуваат температурата за да можат членовите на МУП да се приближат уште повеќе и да реагираат поефикасно. Добивме дојава во 6:57 часот, по две-три минути пристигнаа првите единици. Ваквите згради се полни со запаливи материјали, пожарот веќе беше во фаза на разгорување, сега се обидуваме да го пресечеме огнот од задната страна“, рече Чаушиќ.

Дојава за пожар е добиена во 06:57 часот. Од ВСЈ Нови Београд, ВСЈ Земун, ВСЈ Кошутњак, ВСЈ Вождовац и ВСЈ Звездара се испратени вкупно 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила. Потоа беа испратени повеќе пожарникари.

На терен моментално има 51 пожарникар и спасувач со 15 противпожарни возила.

Интервенцијата се уште е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања