Жителите на Ново Лисиче и околните населби од утрово го блокираа мостот „Близнаци“ во знак на револт поради депонијата Вардариште, која со години го загадува воздухот и ја труе околината.
Иако огнот на депонијата во моментов е изгаснат и има обезбеден 24-часовен надзор, граѓаните порачуваат дека тоа не е доволно и бараат трајно системско решение. Според нив, само целосна санација и модерно управување со отпадот може да стави крај на деценискиот проблем.
View this post on Instagram
„Не сакаме само привремено гаснење на огнот. Бараме Вардариште конечно да престане да биде закана по здравјето и животот на луѓето“, велат демонстрантите.
Тие предупредуваат дека вакви блокади ќе има секој ден сè додека надлежните институции не понудат конкретни чекори и рокови за затворање и трајно решавање на депонијата.