Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, во „Претрес со Ландов“ изјави дека постои можност поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде искористен како заштитен сведок. Според него, Груби е подготвен да го предаде и Али Ахмети.
Во разговор, Ѓурчески рече дека не би се изненадил доколку Груби реши да соработува со истражните органи.
„Поентата е дали тој може да биде искористен како заштитен сведок“, изјави Ѓурчески, додавајќи дека лично очекува такво сценарио.
Според него, Груби можеби би бил подготвен „да ја отвори душата“ и да открие важни информации, што би можело да доведе до негово симнување од црната листа и евентуално добивање статус на заштитен сведок.
Ѓурчески посочи и дека во јавноста подолго време постоеле сомнежи дека Груби е предмет на интерес на странски разузнавачки служби, поврзувајќи ги тие сомнежи и со истрагите околу проектот „Бехтел и Енка“.
Тој дури не ја исклучи можноста, доколку дојде до такво сценарио, Груби да добие и програма за заштита на сведоци, па дури и промена на идентитет.
Цел поткаст поврзан со многу криминални банди, случувања и несподелени инфромации: