„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Груби му дава знак на Џафери да ја прекине седницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
5-6

ТВ21 објави видео на кое може да се забележи како пратеникот на ДУИ, Артан Груби откако се заострува ситуацијата во Собранието на Република Македонија, а спикерот Талат Џафери постојано се расправа со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ , му дава знак да ја прекине седницата.

— реклама —

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/603823520067363/

Ова видео само дополнително ги подгреа сомнежите дека наводното одземање имунитет на Трајко Вељановски е сценарио и однапред режирана драма меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, пишува АКО.

— реклама —

Мухамед Зекири од СДСМ директно посочи кон ДУИ и ги праша зошто го спасиле побратимот Вељановски.

Во тензична атмосфера на полноќ, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, откако претходно процедурално повторно се јави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој инсистираше на паузата од еден час.

Рече дека сѐ уште не се знае за што ќе гласа Собранието кога комисијата нема заземено став по однос на барањето на притвор на пратеникот Трајко Вељаноски.

Инаку на 89. седницата на Собранието тоа беше единствената точка на дневен ред. Претседателот на Собранието Џафери рече дека дополнително ќе каже кога ќе продолжи оваа седница, но со оглед на тоа дека според деловникот до полноќ требаше да се случи гласањето за пратеничкиот имунитет, неизвесно е дали воопшто има деловничка основа за продолжување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања