„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Група деца вербално и физички малтретирани на Школка – родителите алармираат, случајот пријавен во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца.

— реклама —

Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно од другата група плукнало во нивната насока, при што една девојка била погодена во лицето.

— реклама —

„Таа му викнала, тој се повлекол, но по десетина минути се вратиле со постари деца кои им се заканиле дека ќе ги претепаат“, раскажува мајката. Едно од нив го плукнало момчето, а друго го снимало со камера додека го принудувало да се извини затоа што биле таму.

Според сведочењето, ситуацијата ескалирала и следниот ден, кога истата група повторно ги пресретнала децата на излегување од паркот. Додека се движеле кон автобуската постојка, едно дете на тротинет го удрило со клоца, додека друго со сина маица и црни бермуди го удрило по рамото и се обидело да го сопне.

„Се јави да каже дека пак ги следат. Му реков веднаш да снима и да не се мрдаат, а јас ќе повикам полиција. Штом кажал дека ќе дојде полиција, децата се разбегале“, вели мајката.

На крај, пријател на семејството дошол со автомобил да го земе, а случајот бил пријавен во полиција.

Родителите на нападнатите деца бараат институциите итно да реагираат, бидејќи станува збор за повторено малтретирање од малолетници, кое лесно може да прерасне во посериозно насилство. Повеќе граѓани бараат поголема безбедност и полициско присуство во делот околу Школка, кој често станува сцена на слични инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања