Денеска на Фејсбук страната на O2 Иницијатива, се појави видео преку кое се покажува како се загадува Прилеп.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/604524469992552/
„Црниов чад секое сабајле излегува од Општата болница во Прилеп. Ист случај со болницата во Чаир. Двете се греат на мазут.
Во земјава има над 60 здравствени установи кои се греат на мазут, нафта, дрва, вклучително и специјалните болници за белодробни заболувања. На никој во државава очигледно не му е проблем луѓе, деца со белодробни заболувања да се лечат во болници кои употребуваат на тони нафта за греење.
Најавена е гасификација за оваа година на три болници, во Чаир, Струмица и Куманово. Другите здравствени установи со ова темпо ќе го сменат начинот на греење за едно 20 години.
Планот за чист воздух, во пракса“, напишаа на ФБ од О2 иницијатива.
Инаку веќе неколку месеци неколку градови од Македонија се најзагадени во светот. Граѓаните револтот постојано го искажуваат преку социјалните мрежи. Тие се жалат дека ги печат очите, неможат да дишат и чувствуваат специфичен продорен мирис.
Граѓаните бараат од властите засилени инспекциски контроли.
А власта пак меѓу итните вонредни мерки кои ги донесе е и садење садници и засилени инспекциски контроли.