„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО и ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ) 12. години без Тоше Проески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tose

На денешен ден пред 12 години во магливо утро на автопатот Белград – Загреб кај Нова Градишка во тешка сообраќајна несреќа згасна животот на големата балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Џипот во кој беше Тоше удри во приколка од камион, а потоа влета во заштитната ограда. Возачот на автомобилот беше потешко повреден, додека менаџерката Лилјана Петровиќ помина со помали повреди. Но, никој и ништо не можеше да ги запре солзите на целата нација, која тагуваше по својот миленик. Тоше загина на патот кон создавање светска кариера, само 11 денови по големиот концерт на преполниот Градски стадион во Скопје.

— реклама —

Во текот на својата кариера тој соработуваше со многу македонски и балкански музичари, продуценти и композитори. Првиот албум го издаде во 1999 година, со наслов „Некаде во ноќта“, по што следеше незаборавниот концерт под дожд на скопското лизгалиште.

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал „Мелфест“ во 1997., каде што и победува изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлси“. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).

— реклама —

Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999. година. Во меѓувреме Тоше беше дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана се до истекувањето на неговиот договор во април 2002., но куќата која му ги отвори вратите во регионот. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

_f8fLNzZ6kM

oCHo5SuTNv0

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања