Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео и Фото) Ако ние помогнеме, македонската народна музика ќе одекне во Њујорк – учениците од „Орце Николов“ бараат поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryd8nnfqivo2au68lGh5i

Дваесетина ученици од Оркестарот на СУГС Гимназија „Орце Николов“ во септември ќе ја претставуваат Македонија во Њујорк, откако го освоија првото место на престижниот меѓународен натпревар International Youth Music Competition (IYMC). За да отпатуваат и да настапат пред светска публика, младите музичари апелираат за финансиска поддршка.

— реклама —
media-libraryp13981a75ffn9kUVw76

Како награда за освоеното признание, оркестарот доби покана за два концерта во Њујорк, каде ќе ја промовира македонската народна музика преку автентични аранжмани подготвени од шеф-диригентот Марко Балоски.

Во само две години постоење, оркестарот одржа четири големи концерти и успеа да ја доближи македонската народна музика до младата публика, покажувајќи дека традицијата може да се негува и на современ начин.

— реклама —
— реклама —

Од оркестарот посочуваат дека настапите во Њујорк се можност македонската култура да биде претставена пред меѓународна публика, но за реализација на патувањето неопходна е финансиска поддршка.

Затоа тие упатуваат повик до институциите, компаниите, банките, општествено одговорните организации и до сите кои можат да помогнат, да се вклучат во поддршката на проектот.

— реклама —
media-library8aum431ttgoveaZ0NTO

За повеќе информации или поддршка, заинтересираните можат да се обратат на електронската адреса: orkestar.orce@gmail.com или на телефонскиот број 071 972 352.

media-library3vjcr68rc5npccsDs9q media-librarydpf24nkl117kflOeJlD

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Stipendija-Boris-Trajkovski

„Иднината во слободен пад“, ракции по приемните резултати во гимназијата Орце Николов

Коментари | пред 4 години

2-1

„Шекеринска купила куќа на Орце Николов, па сега за невестата да има паркинг СДСМ им ја дале цела улица на станарите“, вели Јоци

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања