Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео и фото) Откако ги претресоа, четворица од свадбарите во гостиварско добија и притвори за пукањето кое го снимале и објавиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3hilpabs12vi2QdWWcO

Четворица жители на гостиварското село Добридол добија мерка притвор во траење од осум дена, по истрагата за пукањето со огнено оружје на семејна веселба, чие видео претходно беше објавено на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста.

— реклама —

Акцијата следуваше откако СВР Тетово, по објавената снимка, изврши претреси на повеќе локации во селото.

media-libraryf8mdoi98bisuboQd0YN

Во полициската акција беа приведени шест лица, а едно беше повикано на службен разговор. При претресите беа пронајдени и одземени повеќе парчиња оружје и муниција.

— реклама —
— реклама —

Кај едно лице бил пронајден гасен пиштол, додека при претрес во друг дом биле откриени 30 куршуми за гасен пиштол, 27 испукани чаури и патрон за ловно оружје. Во друг претрес полицијата пронашла пиштол со осум куршуми, ловна пушка со седум куршуми и гасен пиштол.

По обезбедувањето на доказите и приведувањето на осомничените, судот определи осумдневен притвор за четворица од лицата опфатени со постапката.

— реклама —
media-libraryaonk5jsuslhu0bMjQ6y

По целосното документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 23 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 23 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања