Вечерва Скопје го зафати силен ветер при што направи штета низ улиците на главниот град. Граѓаните по социјалните мрежи споделуваа фотографии од невремето. На нив се гледаат паднати дрвја и за урнати билборди на улиците.

Метеоролозите најавија за утре облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.
Силно невреме, со ветрови кои кршат гранки и откорнуваат покриви од куќите го зафати денеска целиот регион. Град и снег паѓаа во Хрватска, а силното невреме највеќе го почувствуваа жителите на Загреб и Риека. Црвен метеоаларм е најавен и за во Црна Гора, а во Србија има за 15 степени пониски температури.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/335104880527062/?v=335104880527062