Пожарот кај Катланово пламнува до автопатот Скопје-Велес. Густиот чад се шири до автопатот, со тоа, намалена е прегледноста на возачите. Командирот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски за „А1он“ вели дека пожарот кај Катланово не е локализиран, но дека интервенираат седум противпожарни возила, кои работат на тоа. Пожарот дополнително го шири слабиот ветер.
Симоновски вели дека нема опасност за околните објекти и бензиската пумпа и очекува огнената стихија набргу да биде изгасната.
Пожарот кај Катланово избувна пред еден час. По пријавата во Противпожарната бригада, на терен излегле две екипи, а потоа, по побарано засилување се приклучиле уште пет возила.
7 возила