Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Видео) „И тие што не мислат како вас се граѓани на Србија“ – Вучиќ по протестите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 часа -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва се огласи по инцидентите и судирите на улиците на Белград, повикувајќи ги демонстрантите на дијалог и порача дека државата ќе го воспостави јавниот ред и мир.

„После вечерашното насилство на блокадерите на улиците на Белград, уште еднаш ги повикувам на дијалог и се надевам дека ќе разберат дека и оние кои не мислат како нив се луѓе и граѓани на Србија“, напиша Вучиќ.

— реклама —

Тој додаде дека државата, како што рече, „одговорно ќе си ја заврши работата“.

— реклама —

„Државата својот дел од работата, исто како и вечерва, ќе го изврши одговорно и за кратко време ќе воспостави јавен ред и мир. На крајот, секогаш Србија победува“, порача српскиот претседател.

— реклама —

Изјавата на Вучиќ доаѓа по масовниот студентски протест во Белград, по кој дојде до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата, како и приведувања во центарот на градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања