„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ против Стевоски, сега на удар неговите синови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stevo

Некогашниот полицаец, Стевоски Стево сеуште мака мачи со правдата. Денеска тој обелодени дека МВР сеуште врши реваншизам врз него и неговата фамилија, за како што кажа  времето дедека бил вработен како полицаев во СВР Охрид, затоа што се борел против неправдата  во Охрид независко која партија била на власт . Стевоски вели дека овој пат на удар се неговите синови, кои и покрај тоа што ги поминале сите тестови сепак се одбиени за работно место полицаец, под изговор на фалсификувани документи.

— реклама —

Денеска  до Јавното обвинителство за гонење  организиран криминал  и корупција Стевоски  поднесе кривична пријава против вработени во МВР,  СВР Охрид, и УБК односно АБН. Пријава е поднесена  поради основи на сомневање дека пријавените лица се сторители на кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело фалсификување на службена исправа.

„Именуваните во текот на 2019 год со злоупотреба на службената положба изготвиле извештај со невистинита содржина за моите синови  Стевоски Петар и Павел, односно изготвиле безбедносна проверка  и ја употребиле како вистина за комисијата на МВР за каде моите синови беа кандиди за прием на полицајци. Врз основа на фалсификувана исправа МВР ги одби двајцата кандидати под изговор дека се сторители на кривични дела за кои нема никаков доказ, нити се повикани на некаков разговор“, вели Стевоски.

— реклама —

фото: Скопје 1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања