„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Илјадници луѓе демонстрираат низ Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск, тие порачаа : Стоп на говорот на омраза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
polska-2

Илјадници граѓани се собраа на улиците во Варшава под слоганот „Стоп за омразата“, а слични демонстрации против говорот на омраза и насилството се одржаа и во други градови од Полска по убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович . Илјадиници Полјаци излегоа и во Лондон и Берлин, излегоа на улиците во нем марш против омразата, а со тоа му оддадоа почит на опозицискиот градоначалник на Гдањск Павел Адамович, кој им подлегна на повредите, откако во неделата на добротворната прослава, локален криминалец го избоде со нож.

— реклама —

[caption id="attachment_21116" align="alignnone" width="768"]  (Photo by Janek SKARZYNSKI / AFP)[/caption]

Локалниот 27-годишен криминалец Стефан В. откако со нож му нанесе тешки повреди на Адамович, во пределот на градите и стомакот, на бината извикувал дека Граѓанската платформа, чиј член бил Адамович, невин го испратила во затвор и го тероризирала и поради тоа морал градоначалникот да умре.

— реклама —

Нападот врз Павел Адамович, кој беше градоначалник на Гдањск без прекин од 1998 година, се одигра пред очите на шокираните граѓани, на бина во текот на најголемата добротворна манифестација во Полска, кога 120.000 волонтери ширум земјата собираа пари за опрема за детска болница.

4-AcKZGitaI

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања