Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Има фракции во кочанската болница, лош менаџмент, неупотребени донации, велат од „Супорт Кочани“ зборувајќи за состојбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarynp2ch0c4h983egueenz

Претставници на „Супорт Кочани“ во изјава за време на подкастот „Претрес“ зборуваа за соработката со Општата болница во Кочани и за донациите наменети за повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

„Кога дојде новата директорка, беше сменета целата постава во болницата. Претходно одлично функциониравме, имавме континуирана комуникација и координација. Истата директорка пред да биде поставена, доаѓаше кај нас во ‘Супорт Кочани’, укажуваше што недостига и што треба да се обезбеди. Но, од моментот кога стана директорка – целосно ја прекина комуникацијата“, велат од здружението.

— реклама —

Тие додаваат дека и покрај напорите на тимот, хипербарната комора која била донирана од „Зегин“ преку „Супорт Кочани“ не е ставена во функција.

„Колку што знам, таа е донесена уште првиот месец по несреќата, што значи дека стои таму веќе пет-шест месеци. Се повикуваат на некакви технички или внатрешни причини, но по мене тоа е резултат на лоша организација и интерна политика“, рече еден од претставниците.

Според нив, уредот е безбеден за употреба и работи на понизок притисок во споредба со стандардните болнички комори.

— реклама —

„Тоа значи дека ако во обична комора терапијата трае 40 минути, овде може да трае час – ништо повеќе. Се работи за еднокоморна капсула со помал притисок, какви што користат и познати спортисти како Леброн Џејмс и Џастин Бибер. Нема простор за опасност или потреба од специјални сертификати, како што се зборува“, додаваат од „Супорт“.

— реклама —

Тие нагласија дека ова не е изолиран случај и дека и други донации на медицинска опрема во болницата стојат неискористени, бидејќи нема кој да ги употребува.

„Работам во фирма што донирала медицински апарати, стојат пет години и фаќаат прашина. Истото се случува и со оваа донација – наместо да им помогне на повредените, само стои заклучена“, рече Ана Вучева од здружението.

Од „Супорт Кочани“ апелираат институциите да најдат решение и хуманите донации да се искористат онаму каде што се најпотребни.

— реклама —

Целото гостување, но и гостувањето на семејствата на загинатите, погледнете го тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrb75f5bv9biieov6dx1

(Видео) Стојна со наплата пред “Порта Македонија”: Немој да ми кружите преку калето за да не платите!

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Некој им дојавува на сопствениците кога АХВ ќе ги собира кравите, акциите постојано се пресретнуваат

Студио | пред 1 ден

media-libraryipjprno9ldqt6YH1w2N

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Целата територија на општината е опседната со крави

Студио | пред 1 ден

media-libraryhk4d41c5n26i3unwqI8

(Видео) Стојна од Куклица не се плаши од кривичните пријави: „Не правам ништо незаконски, сè е легално“

Студио | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања