„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „Имало планови за ликвидации уште од 2022, не можеле без поддршка – кој ја штитеше групата?“ прашува Туфегџиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
ubistvo-vanja-

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчески, во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати сериозни критики до институциите и постави низа прашања поврзани со текот на истрагата, но и со безбедносниот систем во земјата.

— реклама —

„Не добивме одговор на клучното прашање – зошто истрагата не тргна во насока на сознанијата кои постоеја уште првиот ден?“, рече Туфегџиќ во „Претрес со Ландов“, посочувајќи на сознанието од сведочењето на Велибор Манев дека групата осудени подолго време правела планови за киднапирања и убиства, а составувале и списоци со потенцијални жртви уште од септември 2022 година.

— реклама —

Според него, постои сомнеж дека дел од фокусот на истражните органи бил намерно пренасочен.

„Зошто истрагата толку упорно се обидуваше да го инволвира таткото на жртвата? Дали тоа беше направено за да се дефокусира јавноста од вистинската причина – постоење на организирана група за ликвидации?“, праша адвокатот.

Туфегџиќ оцени дека Обвинителството мора да ја продолжи истрагата и да даде одговор на клучните прашања: што правеле безбедносните служби кога група со таков капацитет се движела низ државата, и дали некој од институциите обезбедувал логистичка поддршка?

„Да не се лажеме, ова не може да го организира поединец, без поддршка или логистика од внатре. Оваа истрага не смее да заврши – туку треба да се прошири“, порача Туфегџиќ.

6dc7F8DAo7c
?t=6884

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања