Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Свет
media-library28mg73apibvg37GaVOa

Пропалестински активисти предизвикаа инцидент пред германскиот парламент во Берлин, откако еден од нив се искачил на јарболот пред Бундестагот, го симнал германското знаме и на негово место поставил палестинско знаме.

— реклама —

Мажот се искачил со алпинистичка опрема, а германското знаме го фрлил на земја. По околу еден час, пожарникарите успеале да го симнат од јарболот, соопшти полицијата.

Против него и уште двајца мажи, кои ја снимале акцијата, е покрената истрага под сомнение за навреда на државата и нејзините симболи, оштетување на имот и прекршување на забраната за собирање.

— реклама —
— реклама —

Тројцата, на возраст од 20, 22 и 32 години, се членови на групата „Peacefully Against Genocide“. На интернет објавиле дека акцијата ја извеле во знак на, како што навеле, „граѓанска солидарност со луѓето во Палестина“.

Претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер, остро го осуди инцидентот и побара подобро обезбедување на парламентот.

— реклама —

Германското знаме, познато како „Знамето на обединувањето“, има површина од 60 квадратни метри и статус на официјален споменик. Тоа се вее пред парламентот, каде што на 3 октомври 1990 година беше прогласено обединувањето на Источна и Западна Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 2 дена

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Свет | пред 2 дена

evra

Пензиите во Германија од јули 2027 година би се зголемиле за 4,09 отсто

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања