Во Белград синоќа беше одржан 53-тиот протест на движењето „1 од 5 милиони“ со кое се одбележа точно една година од почетокот на демонстрациите против власта. На собирот дошло до инцидент, туркање меѓу демонстрантите и обезбедувањето, кога еден демонстрант се обиел да го скрши стаклото на влезните врати со јарбол од знаме, но бил спречен во намерата.
Меѓу демонстрантите пред вратите на Собранието бил и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ.
Во Белград вечерва се одружува уште еден протест „1 од 5 милиони“, прв во втората година откако започнаа протестите.
Протестите во Србија под овој слоган започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ.
фото: Slavenski jutarnji