„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Инспекторите на град Скопје, со дрон открија потпалувач на оган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
cad-dron

При вонреден инспекциски надзор со дрон, инспекторите на град Скопје извршија снимање на територијата на општината Сарај и забележаа лице кое врши спалување на органски материјал.  Од видео снимката идентификувано е лицето и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.

— реклама —

Ова е сторен прекршок по член 24а и казнив по член 139 став 1.4 од Законот за управување со отпад. Казната за овој прекршок изнесува 1.000 евра. Во овој случај дронот го употребивме првпат, но тој ќе биде секојдневно ангажиран за снимање на теренот и за откривање на загадувачите на воздухот. Тој поседува и камера за ноќно снимање, па со него ќе се вршат прелети и во текот на ноќта за лоцирање на критичните точки кои предизвикуваат загадување – информираат од Инспекторатот на Град Скопје. Тие додаваат дека инспекторите на Град Скопје се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/671163763366487/?v=671163763366487

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања