„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Интернетот во пламен по снимката од концертот на „Колдплеј“ – фатен директор со колешка во прегратка, настана вистински хаос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ljubovnici

На концертот на мегапопуларната британска група „Колдплеј“ во Бостон, кој се одржа во средата, љубовна сцена прикажана на големиот екран пред илјадници посетители предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Камерата го улови Енди Бајрон, извршен директор и основач на компанијата „Астрономер“, во близок момент со неговата шефица на одделот за човечки ресурси, Кристин Кабот – и тоа на очиглед на целата публика.

— реклама —

Додека камерите шетаа низ толпата, обидувајќи се да фатат емотивни моменти меѓу посетителите, романтичниот кадар на Бајрон и Кабот заврши на големиот екран, нешто што често се случува на спортски натпревари или концерти. Пејачот на групата, Крис Мартин, дури и прокоментира во микрофон: „О, погледнете ги овие двајца!“

— реклама —

Иако парот брзо се повлече и се обиде да остане незабележан, снимката веќе почна да кружи на социјалните мрежи, каде што бројни корисници почнаа да ги препознаваат. Наскоро стана јасно дека Бајрон е оженет, што дополнително ја разгори јавноста. Коментарите не престануваат: од сочувство за неговата сопруга, до остри осуди и подбив на сметка на двајцата.

„Кој оди на концерт со љубовницата мислејќи дека нема да биде забележан?“, „Ми е жал за жената, но барем сега вистината е надвор“, се дел од реакциите што преплавија TikTok и X.

Инаку, Кристин Кабот ја презела функцијата раководител на човечки ресурси пред околу девет месеци. Ниту таа, ниту Бајрон досега немаат дадено никаква јавна изјава, но според реакциите, јавноста веќе си ја има формирано сликата за нивниот однос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања