Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Исар–Марвинци открива нови тајни: Монументална римска бања на седум метри под земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-library45hjpa5cllk20T8MHu6

Нови археолошки откритија на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово откриваат дел од богатото минато на овој простор. Станува збор за монументален комплекс на јавна римска бања, со голем базен обложен со повеќе од осум видови мермер и добро зачуван антички систем за загревање.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, денеска го посети локалитетот и одблизу се запозна со најновите наоди. Археолозите откриле дека комплексот се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина.

Особено значаен е системот за загревање, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух, што сведочи за високото архитектонско и техничко ниво на античкиот град.

— реклама —
— реклама —

Меѓу откриените предмети се и сребрени и бронзени монети, мермерна биста на воен командант, фрагменти од скулптури и редок епиграфски споменик изработен од син мермер.

Истражувањата ги предводел кустос-советникот Јане Клековски, заедно со стручен археолошки тим, а нивното продолжување е планирано и во 2027 година.

— реклама —

Новите откритија дополнително го потврдуваат историското и културното значење на Исар–Марвинци, локалитет кој со секое ново истражување открива нови сведоштва за животот во античкиот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања