Промени тема
Контакт

(Видео) Исклучена и струјата во дел од Кисела Вода по големиот пожар во магацински простории

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library65vp2dk8kg9s5sBW8Ag

Голем пожар попладнево избувна во магацински простории на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, при што поради интервенцијата на терен, во дел од населбата се исклучени и струјата и водоснабдувањето.

— реклама —

Густ црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

— реклама —
— реклама —

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека се запалил магацински или друг објект на Јужен булевар. Тој посочи дека од внатрешноста на објектот се слушале пукотници, кои најверојатно биле предизвикани од електричната инсталација.

Надлежните служби засега не соопштуваат информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за избувнувањето на пожарот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на интервенцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 6 дена

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 6 дена

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања