ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Историски прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
49bcf957-1bb4-4f38-a71d-7be33c16fb66

Утрово, (06.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов присуствуваа на првиот меѓународен реализиран лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицински цели беше транспортирано лице - пациент од Скопје до Виена, Австрија.

— реклама —

„Оваа наша хумана мисија не само што ја демонстрира кооперативноста на двете Министерства за внатрешни работи и Министерството за здравство кон подобрување на услугите за граѓаните, туку и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции”, истакна Бојамацалиев. Притоа, тој појасни дека употребата на Медикоптерот претставува значаен напредок во националната способност да се пружи итна медицинска помош на тешко достапни места, но и на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи. Во оваа прилика Бојмацалиев упати честитки до вклучените во проектот.

— реклама —
fX4qYD-NG-s

„Упатувам честитки до нашите тимови за темелната подготовка и соработка помеѓу МВР и медицинскиот персонал од Градската Општа болница „8-ми Септември”, со што уште еднаш потврдуваме и ги засилуваме нашите капацитети како држава за брза реакција во итни медицински случаи. Дозволете во оваа прилика да изразам благодарност до сите учесници во овој успешен проект, особено до Владата на Република Словенија и словенечкото министерство за внатрешни работи кои во духот на нашето пријателство пред неколку месеци обезбедија дел од оваа значајна медицинска опрема”, рече Бојмацалиев, посакувајќи мирно небо и успешен транспорт.

Од страна на директорот на ГОБ „8ми Септември", д-р Христијан Костов беше истакнато дека во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и МЗ, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи.

„После интензивни договори, болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Заедно со Министерството за внатрешни работи ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена. Пред се' како здравствено лице и како директор на ГОБ 8ми Септември, упатувам честитки до сите тимови вклучени во проектот за темелната подготовка и соработката помеѓу МВР и медицинскиот персонал од нашата болница, со што уште еднаш потврдуваме и ги засилуваме нашите капацитети како држава за брза реакција во итни медицински случаи", истакна директорот Костов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања