„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Итна евакуација во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Нивото на водата во реката Урал во рускиот град Оренбург во текот на ноќта порасна за речиси 50 сантиметри, изјави првиот заменик градоначалник Алексеј Кудинов.

— реклама —

Во меѓувреме, регионалниот гувернер Денис Паслер ги повика жителите на градот да се евакуираат од поплавените подрачја.

„Ноќта беше немирна, нивото на Урал се зголемува и сега преку ноќ порасна за речиси 50 сантиметри“, изјави Кудинов на новинарите, пренесува РИА Новости.

— реклама —

Според него, хидролозите предвидуваат дека во следните 24 часа нивото на водата ќе се зголеми за уште 30-70 сантиметри.

Во градот во текот на ноќта беа поплавени над 300 домаќинства, а загрозени се над 200 приватни куќи.

Кабинетот на градоначалникот на Оренбург во вторникот вечерта објави дека до 22 часот по локално време, нивото на реката Урал се искачило еден сантиметар над нивото на опасност и изнесува 931 сантиметар.

Регионите на јужниот дел на Урал годинава се соочија со рекордни поплави, а најлоша е состојбата во регионот Оренбург.

Во петокот, на 5 април, таму пукна браната што го штитеше Орск од реката Урал.

Властите извршија масовна евакуација на жителите од Стариот град.

Поплавени се 6.995 станбени згради со градини, а од поплавените куќи се евакуирани 2.493 лица, меѓу кои 797 деца.

Регионалната влада ја проценува штетата од поплавите на 21 милијарда рубљи.

Вонредна состојба е на сила и во руските региони Курган и Тјумен.

https://twitter.com/ibledgreen/status/1777780136051433958

https://twitter.com/LoveWorld_Peopl/status/1777846208813256790

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања