„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Израелската војска доби ново моќно оружје – „Железен ласерски сноп“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Свет
media-libraryu38oa7greq2telYjcyF
Х

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека на израелската војска ѝ бил испорачан првиот оперативен систем за пресретнување проектили со високoенергетски ласер, развиен од компанијата „Рафаел Адванст Дифенс Системс“. Системот го носи називот Iron Beam („Железен ласерски сноп“).

— реклама —

Системот, кој за време на обемни тестирања успешно пресретнувал ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала, ќе биде преземен од военото воздухопловство и ќе се вгради во повеќеслојниот систем за противвоздушна одбрана, заедно со постојните системи „Железна купола“, „Давидова пачка“ и „Стрела“.

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, примопредавањето го нарече „историски момент“, посочувајќи дека „за првпат во светот систем за пресретнување со високoенергетски ласер ја достигнал својата оперативна зрелост“. Тој додаде дека системот „ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели – не нè искушувајте“.

— реклама —
1frHtUEqd4E

Генералниот директор на Министерството за одбрана, Амир Барам, изјави дека испораката „значи премин од фаза на развој во сериско производство“, опишувајќи го „Железниот ласерски сноп“ како „само почеток на технолошка револуција“. Тој нагласи дека се очекува системот значително да ги подобри одбранбените капацитети на Израел, како и односот меѓу трошоците и заканите, бидејќи досегашните ракети-пресретнувачи се исклучително скапи.

Директорот на „Рафаел“, Јоав Тургеман, изјави дека компанијата е „горда што го испорачува најнапредниот ласерски систем во светот за пресретнување воздушни закани“.

Системот на хебрејски се нарекува Or Eitan („Светлината на Ејтан“), во спомен на капетанот Ејтан Остер, 22-годишен командир од единицата Егоз, кој загина во борбите против Хезболах на југот од Либан во октомври 2024 година. Неговиот татко, кој бил дел од тимот за развој на системот, на церемонијата го изговорил еврејскиот благослов Shehecheyanu, со кој се изразува благодарност за нови и посебни моменти.

„Железниот ласерски сноп“ се развива повеќе од десет години, уште од неговото прво претставување во 2014 година. Во септември годинава беше прогласен за оперативен, по завршувањето на развојот и конечните тестирања.

Системот не е замислен како замена за „Железна купола“ или другите противвоздушни системи, туку како нивна надополнување. Наменет е за пресретнување помали проектили, додека поголемите закани ќе продолжат да ги пресретнуваат посилните ракетни системи, како „Давидовата пачка“ и „Стрела“.

Сè додека постои постојан извор на енергија за ласерот, нема ризик системот да остане без „муниција“. Поради тоа, официјални претставници го опишуваат како потенцијална пресвртница во одбраната од ракетни напади. Главниот недостаток на ваквите ласерски системи е тоа што не функционираат добро во услови на слаба видливост, вклучувајќи густа облачност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања