„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Јанкулоска за Груевски: Немам време за читање лектири, на негово место со првиот авион би се вратила во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
2

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска беше брутално искрена кога во прашање е Никола Груевски. Таа не ги криеше разочарувањата, но не го напаѓаше без факти и аргументи.

— реклама —

На прашањето дали му замерува за бегството таа вели дека таквиот чекор можеби е немање на храброст, а доколку ја побара повторно да биде дел од неговиот кабинет таа не би прифатила.

Јанкулоска додаде и дека не ги чита неговите објави на социјалните мрежи оти не ја интересираат.

— реклама —

„Не, не ги читам, немам јас толку време да читам лектири, тоа што ме интересира читам, а за што пишува и како пишува, навистина не ме интересира, посебно не гледам поента нити во тоа да ги читам, нити пак гледам поента да се пишуваат такви написи од дистанца. Тој што сака нешто да смени, што сака нешто да направи, треба да е тука и тука да ги артикулира своите ставови. Сега тоа е како да пишам во Кина што треба да се прави.

Неговите постапки зборуваат за него и за неговиот карактер. Ќе си дозволам да дадам коментар, мислам дека неговиот кредибилитет ќе беше без оглед на суровоста со која тој се соочи како нас со неправедниот политички прогон, ќе беше многу поголем тој кредибилитет ако останеше овде да се бори“, вели Јанкулоска.

Таа вели дека доколку била на негово место со првиот авион од Будимпешта би слетала во Македонија и би се борела.

„Јас да сум на негово место не би чекала да има екстрадиција, јас би дошла сама. Нема да дозволам да бидам ставена во една постапка на екстрадиција. Сама ќе го фатам првиот авион и ќе дојдам и ќе се борам во една атмосфера која очекувам да биде многу поправедна и многу подемократска по промената на власта“, додава Јанкулоска

nmZkqGr6T6U

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања