„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Јанушев одговара на новинарски прашања: СДСМ се соочува со очајно слабиот рејтинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janusev

Игор Јанушев се потпиша за поддршка на Гордана Силјановска Дафкова за Претседател на РМ и при тоа одговори на неколку новинарски прашања. Во продолжение одговорите на Јанушев.

— реклама —

Прашање новинар: Господине Јанушев во 46 градови во државава веќе започна давањето поддршка на списокот за кандидатурата на професор Гордана Силјановска Давкова. Вие сте во Велес и дојдовте да го направите она што најголемиот број од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ очекувано ќе го направат денес.

Одговор: Да точно така, денес сум во Велес, туку што го дадов мојот потпис за поддршка на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Апелирам до сите оние кои што се залагаат за правда и право, за сите оние што сакаат вистинско обединување во Република Македонија, за сите оние кои што сакаат да ги победиме овие црнила да ја дадат својата поддршка за победничкиот кандидат на претстојните претседателски избори.

— реклама —

Прашање новинар: Како ги коментирате последните случувања на политичката сцена, меѓутоа и надвор и сите оние непопуларни настани што имавме можност деновиве да ги видиме? На неколку наврати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе го коментираше тоа на прес конференција, меѓутоа и после тоа повторно истата песна

Одговор: Со сите овие работи кои што се случуваат во овие две години, со целиот криминал, корупција, непотизам, незнаење што го прави СДСМ соочени со очајно слабиот рејтинг, соочени со се уште немањето на соодветен кандидат со кој што ќе се спротивстават на професорката Силјановска, ова се веројатно потези во очај со кои што сакаат само да ја дефокусираат јавноста. Меѓутоа не се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за своите, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво однесување и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Народот ќе ги казни и ќе одговараат сите кои што го прават ова на било кој граѓанин на Република Македонија и за целиот криминал кој што во изминативе две години го прават.

Прашање новинар: Каква кампања планирате и каква очекувате?

Одговор: Во однос на кампањата засега ќе ги задржиме информациите, се уште работиме на тоа како ќе настапиме, дали тоа ќе биде добро познатиот и класичен пристап во однос на организација и на митинзи и на презентација на програмите, или сепак ќе воведеме нешто ново. Сепак имаме цел месец до почетокот на кампањата, така да ќе имаме прилика сите да се увериме во она што сега го кажувам.

Прашање новинар: Како ја коментирате тезата се поприсутна во јавноста односно во одредени средини дека може да се случи после двата круга Талат Џафери да остане како вд претседател и да ги потпише сите оние документи потребни во рамките на онаа платформа ако може така да се каже планирана од позицијата?

Одговор: Уште еден обид на власта за дефокус и за тргање на вниманието од нашиот претседателски кандидат професорката Силјановска. Меѓутоа треба да се соочиме со реалноста, а таа е следна. Во првиот круг на избори не е потребен цензус така да и со 100.000 или 200.000 излезени гласачи не менува ништо, од друга страна и во случај и на неуспешни избори Талат Џафери останува вд претседател на државата, од друга страна во рок од неколку месеци ќе треба да се организираат нови претседателски избори, не гледам зошто или кој би бил методот на некој начин на присила односно да се присили власта да даде предвремени парламентарни избори после неколку месеци, а не го стори тоа во моментот. Така да тезите во однос на бојкот и слично воопшто не држат и не се добри во овој момент во македонското општество со сите овие работи кои што се случуваат. Единствен начин да се спротивставиме и да покажеме пркос е да излеземе да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е најдобриот кандидат и со тоа да ги победиме и Заев и сите овие криминогени активности кои што ги прават.

Прашање новинар: Сосема за крај бидејќи се наоѓате во Велес, која е пораката до велешани во текот на денешниот ден со оглед на тоа што рокот истекува во 19 часот?

Одговор: јас би ги повикал сите велешани, сите граѓани на Република Македонија да излезат и да го дадат својот потпис со тоа да поддржат конечно градење на правната држава и на правото и да поддржат кандидат кој што ќе се залага за доследна примена и на Уставот и на законите.

ptRK-DyNX0Q

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања