Професорката Тања Каракамишева, смета дека Вила Водно треба да се затвори, а претседателот да биде меѓу граѓаните. Според неа, потребна е институција која ќе биде интегрирана со граѓаните. Потсети дека секој носител на јавна власт и функција - е одговорна личност. Тоа според неа клучно е за одговорно однесување.
„Јас би ја затворила таа Вила и претседателот би го симнала меѓу граѓаните. Би направила институција целосно интегрирана на сите интереси кои ги имаме. Решавање на проблеми, иницирање на дебати, иницирање на излезни решенија. Тоа ни недостасува во моментов. Борис Трајковски имаше обиди, му ги скратија крилата – за жал. Претседателот треба да покаже дека Македонија може да биде изградена како држава, како вистинско пристојно место за живеење“, рече Каракамишева.
Посочи дека претседателот мора да биде коректив на Владата.