„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Јаулески: Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-4

СДСМ ја распродава државата по сите основи. Република Македонија две години оди надолу. Неколку нерасветлени убиства откако СДСМ е на власт, а министерот за политички прогон Спасовски не презема ништо за да ги заштити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

— реклама —

Ni2qkjMMxYU
— реклама —

„Црниот Заев донесе црна безпарица. Трошоците за живот се се поголеми, а платите остануваат исти. Безперспективноста кај младите расте. Ветуваа дека ќе ги вратат иселените, а сега си заминуваат и тие што останаа.

Економијата е зацрнета. Младинската невработеност е највисока во Европа. Од така наречената младинска гаранција нема ни М. Младите го завршуваат своето образование и разочарани ја напуштаат Република Македонија.

Оние кои ќе решат да останат и да се надеваат на подобро утре се гушат во црниот воздух, чија загаденост е неколкукратно поголема од нормалното, а владата за тоа не нуди мерки и решенија, бара донации од бизнисмените за работа која треба да се финансира од буџетот“, вели Јаулески.

Тој додаде и дека, загадувањето ќе го спречуваат со донации, а не кажуваат каде ќе одат парите од даноци.

„Државата стана рекордер во корупција. Граѓаните се помалку им веруваат на институциите. Давачките рапидно се зголемуваат, а со тоа се удира врз секој млад и висококвалификуван кадар кој решил да твори, работи и создава во Република Македонија. Се удира врз ИТ инженерите, младите лекари, стоматолозите итн.

Образованието е девастирано и оставено на заборавот на времето. Две години нема ниту една инвестиција. Нема нови студентски домови, нема студентски градови, нема подобар стандард за студентите, нема ништо. Има само црно црнило.

Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме. Граѓаните ја чекаат зората. Ајде сите заедно да го поразиме црнилото. Во среда, во 17 часот приклучете ни се на протестниот марш против сите штетни и антидржавни политики на оваа црна влада. Зората ќе изгрее. Македонија ќе оди напред“ изјави Јаулески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања