Пратеникот Јован Јалуески од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ вчера гласало против важни законски решеија за зголемување на плати кај наставниците.
„СДС вчера гласаше против предложените законски решенија на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платата на просветниот кадар, на пензиите и сите други решенија кои ние овде треба да ги дискутираме, а не да дискутираме како СДС го партизира Уставниот суд со што во извештаите на Стејт Департментот ќе стои дека имаме политичко влијание во судството. Тоа се случува затоа што Зоран Зоран во оваа држава се однесува и како обвинител, адвокат, судија, извршна и законодавна власт и СДС не размислува со своја глава туку со главата на Зоран Заев!“, вели Јаулески.