Промени тема
Контакт

ВИДЕО: Каевски бара итна истрага за Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
hristijan-mickovski-mickoski-26

„По изјавите на Мицкоски дека преговарал и договарал зделки за набавка на автобуси во име на Данела Арсовска, основан е сомнежот за корупција. Ги повикуваме сите надлежни институции, да го истражат овој случај и да не дозволат криминал и корупција. Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додава:

„Сите надлежни институции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да постапат по јавно изнесените информации од страна на Мицкоски и да ги истражат.

Никаде во светот претседател на политичка партија не преговара за јавни набавки кои се во надлежност на единица на локална самоуправа.

За секоја јавна набавка особено од ваков обем постојат законски процедури кои подразбираат јавен повик, тендерска документација и потоа избор на најповолен понудувач согласно критериумите.

Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит и се откажа од 70 милиони евра, пари од Европската банка за обнова и развој.

— реклама —

Тврдењето на Мицкоски дека понудувачот е веќе најден и дека се подготвува и тендерска документација укажува дека постои можност зделката да е веќе договорена на незаконски начин.

Ова е исто како набавката на кинеските автобуси кога државниот буџет бил оштетен за пет милиони евра.

— реклама —

Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од друга фирма, која била за неколку милиони евра пониска.

За овој скандал веќе се водат судски процеси.

Тоа се резултатите на „заробената држава“ која ја создаде оваа партија.

— реклама —

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот криминален начин на размислување“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања