Спроти зградата на Општина Шуто Оризари, во непосредна близина на детското игралиште, се создава нова дива депонија. Наместо простор за одмор и игра на најмладите, теренот е претворен во жариште на отпад – расфрлани кеси, стари предмети и останато ѓубре доминираат на секој чекор.
Жителите на овој дел од Скопје укажуваат на проблемот, но велат дека надлежните остануваат глуви. Молиме за реакција, никој не доаѓа“, коментира локален жител.
Оваа ситуација повторно ја отвора темата за несоодветниот однос на институциите кон заедниците во периферните општини. Но и однесувањето на граѓаните кон околината во која живеат.
Граѓаните бараат итна интервенција и чистење на локацијата.