Викенд полициски час. 61 час граѓаните се во самоизолација. Оваа забрана за движење за прв пат се донесува во земјава со цел превенција од ширење на корона вирусот. Дозволено е движење на повеќе категории на граѓани, со претходна најава и добивање дозвола. И граѓаните кои имаат домашни миленици ќе имаат прилика три пати во текот на денот да излегуваат надвор со милениците, но само 100 метри од своето живеалиште.
Екипата на „Скопје 1“ и „Охрид 1“ денеска прошета по охридските и струшките улици и улички. Посебно радува фактот што граѓаните максимално ги почитуваат мерките и препораките на Владата. Сообраќаниците празни. Се слуша само крикот на птиците, лаежот на бездомните кучиња и по некој автомобил и тоа од МВР, итна помош или регистрираните правни субјекти кои вршат достава на храна и лекови. Екипите на СВР Охрид максимално успешно си ја извршуваат својата работа.Контролни пунктови низ градот и на самиот излез. Вработените од СВР максимално професионално го застануваат секој автомобил и проверуваат дали има дозвола за движење. Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна, се вели во извештајот од СВР Охрид. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.04. до 07.00 часот на 11.04.2020 годинa, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Регистрирани се четири нови лица со решение за изолација и извршени се 24 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-12, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-10, Струга-42, Кичево-7, Дебар-10) и извршени се 287 контроли врз овие лица (Охрид-7, Струга-211, Кичево-3 и Дебар-66). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 503 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 301), кои се сместени во четири сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 42 контроли на угостителски објекти. Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, се вели во дневниот извештај од СВР Охрид. Охрид не го личи вака. Празно, тивко… но ќе се издржи. Ваква мерка ќе има и следниот викенд кога се празнуваат Велигденските празници. Посебна благодарност до здравствените работници, МВР и секако Владата кои навремено ги превзедоја сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на КОВИД 19 во земјава. Наше е само да издржиме. Колку сме посамодисциплинирани толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот животен тек. А до тогаш.. Останете дома… По завршувањето на вонредната состојба, верувајте сонцето посилно ќе ве грее, воздухот ќе биде почист и многу повеќе ќе се цениме се што не опкружува…
ВИДЕО:
фото и видео: Скопје 1